-Ова не е политичко, туку правно прашање. Тоа е работа за судскиот систем и во Унгарија политичарите во врска со тоа не може да поставуваат прашање, изјави Сијарто на заедничката прес-конференција во МНР со шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање зошто Унгарија не го испорачува Груевски.
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегна во Будимпешта во 2018 година каде доби политички азил. Тој е обвинет во повеќе судски процеси и осуден во предметот „Тенк” на две години затвор за набавката на луксузниот мерцедес.