Две единици на унгарската полиција се распоредени долж граничната линија меѓу Србија и Северна Македонија, соопштија од седиштето на унгарската национална полиција.
Едната единица со 20 члена ќе биде распоредена во Србија, а другата со 30 припадници во Северна Македонија со цел да учествуваат во заеднички полициски операции со земјите домаќини, односно да вршат гранични патроли и помош со инфрацрвена камера, да ги следат обидите за криумчарење луѓе и стока, јавува новинската агенција МТИ.
Унгарската полиција е посветена на спречување на илегален влез на бегалци на териториите на Унгарија и ЕУ и затоа понуди помош за Србија и Северна Македонија.
Тие не служат само во непосредна близина на границата, туку и во рамки на двете земји, се вели во објавата.