Унгарија денеска почна со вакцинирање на здравствените работници со вакцината на Фајзер/БиоНТек против коронавирусот, еден ден порано отколку во повеќето други земји на Европската унија.
Унгарија, како и сите членки на ЕУ утрово ја прими првата пратка со вакцини против коронавирусот, што ќе биде доволно за имунизација на 4.875 лица. Вакцините биле доставени до Будимпешта со полициска придружба.
– Почнавме со имунизација меѓу здравствените работници во согласност со претходно дефинираниот план – рече владин портпарол.
Првите вакцинации се вршат во главниот ковид центар во Будимпешта, Централната болница Дел-Пест, а попладне и во втората главна болница во Будимпешта.
Унгарија до денеска има пријавено 315.362 случаи на ковид-19 и 8.951 починати.