Унгарија од денеска е прва земја на Европската унија која ја употребува руската вакцина провит коронавирусот „Sputnik V“, соопштија локалните здравствени власти, пренесува АП.
„Денеска почнуваме да ја употребуваме вакцината „Sputnik V“ на пунктовите за вакцинација“, изјави главната здравствена инспекторка и членка на кризниот штаб Сесилија Милер.
– Advertisement –
Унгарските власти неодамна соопштија дека добиле 40.000 дози од руската вакцина и земјата е прва во ЕУ на која и се успратени вакцините „Sputnik V“.
Според европските правила, националните власти можат итно да одобрат дистрибуција на производи кои не ги одобрила Европската агенција за лекови (ЕМА), но тогаш тие преземаат целосна одговорност.