Речиси 600 вработени во Јунајтед Ерлајнс се соочени со отказ поради непочитување на политиката на компанијата за вакцинација против ковид 19.
Мнозинството од 67.000 вработени во компанијата го обезбедиле доказот за вакцинација, кој авиокомпанијата со седиште во Чикаго го побара уште во август. Нивните вработени мораа да обезбедат доказ за вакцинација, или доказ за примање на првата или втората доза од вакцината до крајниот рок на 27 септември.
Речиси 600 работници (593) кои ја одбија вакцината против коронавирус и не поднеле барање за изземање од верски или здравствени причини, сега се соочуваат со губење работа.
„Нашата причина за барање да се вакцинираат сите вработени со седиште во САД беше едноставна-да се заштитат нашите луѓе и вистината е оваа: секој е побезбеден кога сите се вакцинираат и барањата за вакцина функционираат“, изјавија извршниот директор Скот Кирби и претседателот на компанијата Брет Харт.