Агенцијата на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените „UN Women Skopje“, денеска одржа средба со претставници од ромската заедница и Националниот ромски центар по повод Меѓународниот ден на жената.

Како што објавија на својот фејсбук профил од „UN Women Skopje“, тие разговарале за конкретни прашања со кои се соочуваат жените и девојките Ромки, како што се раните бракови, финансиската зависност и сиромаштијата, насилството врз жените, неписменоста, како неколку од проблемите кои секојдневно го попречуваат напредувањето и вклучувањето на жените и девојките Ромки.

– Следејќи ја една од препораките што произлегуваат од субрегионалните консултации со повеќе чинители за Западен Балкан и Туркије кои водат до Комисијата за статусот на жените #CSW68, продолжуваме да работиме во партнерство за справување и елиминирање на родовите стереотипи и унапредување на положбата на сите жени и девојки Ромки, наведоа оттаму.