Францускиот фудбалер Самуел Умтити (27) ќе добие нова шанса кај Роналд Куман во Барселона, иако 27-годишниот дефанзивец беше еден од отпишаните играчи.

Умтити побарал состанок со раководството на клубот, а на него бил присутен претседателот Жоан Лапорта и разговарале за иднината на францускиот играч.

Тој посочил дека лекарите на клубот никогаш не биле јасни за неговата повреда, која честопати го вадела од терените претходните години. Сепак, Умтити успеа да го најде вистинскиот третман надвор од клубот. Сега се чувствува многу добро и е подготвен да помогне на Барса.

Раководството на каталонскиот клуб внимателно го ислушал Умтити, а по објаснувањето, пишува „Мундо Депортиво“, тие одлучиле да му дадат уште една шанса на Умтити.