Екпиата на Шкупи есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место на табелата, веднаш зад Шкендија, но во вториот дел ќе биде без тренерот Умир Каран.
Каран одлучи да се врати во Турција и тренерската кариера ја продолжува во Менеменспор.

– Имавме недовршена приказна со Шкупи претходно. Тимот кој го избрав заврши на втората позиција на табелата во есенскиот дел. Го избрав Менеменспор, иако имав и други понуди. Зборував со раководството на тимот на телефон. Се договоривме за условите, а утре ќе потпишеме договор. Верувам дека имав успех на теренот со Шкупи и ќе го пренесам во Менеменспор. Тимот во моментов е на 11. позиција, но се надевам дека ќе донесам подобри резултати – изјави Каран за турските медиуми.

Фото: ФК Шкупи