Собранието на Демократскиот сојуз на Косово го избра Љумир Абдиџику за нов претседател на партијата. Абдиџику, кој се соочуваше со уште двајца противкандидати, односно заменик-претседателот, Љутфи Хазири и членот на претседателството, Бесијан Мустафа, победи без прегласување. Во трката за нов претседател кандидатура објави и заменик-претседателот на партијата, Антон Чуни, но непосредно пред почетокот на изборното собрание се повлече.

„Денеска отвораме нова страница за да го вратиме ДСК на своето место. Од нас самите мора да го започнеме нашето големо враќање. Идеите на ДСК му остануваат на времето што ги започна историскиот претседател Ибрахим Ругова. ДСК нема луѓе за губење, но нема ниту доволно луѓе за да се движиме напред…“, изјави Љумир Абдиџику, Претседател на ДСК.

– Advertisement –

Промената на кормилото на ДСК доаѓа по парламентарните избори на 14 февруари, каде оваа партија забележа слаб резултат, освојувајќи 15 мандати од вкупно 120 пратеници во Собранието.

Алсат

Прикажи повеќе