Во Македонија денеска се очекува умерено облачно време, со слаб ветер од јужен правец.

По котлините претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност кои по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.