Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Ѓулистана Марковска во гостувањето во Студио 10 на Телевизија 14 изјави дека никогаш нема да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ како партија, но сепак вели го напаѓала Груевски, а ќе го напаѓа и Мицкоски бидејќи во моментов не владее со партијата како што треба.

-Јас никогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да го напаѓам затоа што таа партија ми дала шанса, го напаѓав и Груевски, сега го напаѓам и Мицкоски, индиректно ја поддржувам иницијативата. Треба да има не само програма, на секој соодветен закон, треба да има проект, тоа сега го нема. Сега има само вокабулар, слепи послушници кои употребуваат само зборови како криминал, корупција, мафијаши, проклетници, црнила, вели поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска.