На улицата „Волковска“ во Општина Ѓорче Петров ќе се вршат градежни активности за вградување на завршен асфалтен слој.
Работите ќе започнат на 5 јули (сабота) од 01:00 часот по полноќ, и ќе траат најдоцна до 6 јули (недела) до 09:00 часот. Во наведениот период, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај.
Како резултат на затворањето, автобуската линија бр. 22 ќе сообраќа до „Блага Вода“ согласно возниот ред на ЈСП, а од „Блага Вода“ до последната станица на 22-ката, во двата правци, превозот ќе биде организиран со комбиња.
„Ги замолуваме граѓаните за трпение и разбирање и ги повикуваме да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и насоките од надлежните служби за време на изведбата на градежните работи“, велат од Општината.
Текстот Улицата „Волковска“ во Ѓорче Петров утре ќе биде целосно затворена поради градежни работи е превземен од МАКФАКС.