Здружението „Лесја Украинка“ за попладнево најави протест, или протестен марш против денешните руски гранатирања на украински градови. Протестот ќе почне во 18 часот, пред руската амбасада во Скопје.

Во кусото соопштение на здружението се вели:

Денес, на 10 октомври 2022 година, во 18:00 часот Здружение на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ ќе одржи акција на протест против денешните руски масовни гранатирања на градови во Украина. Ве молиме да го поддржете настанот.