Гувернерот на воената управа на западна Украина, Максим Козицки, соопшти дека украинската воздушна одбрана соборила руски ракети кои утринава биле истрелани кон Лавов, град во западна Украина.

– Утрото на 16 април, руските окупатори истрелаа проектили од авион Су-35 кон регионот Лавов. Украинските единици за противвоздушна одбрана уништија четири крстосувачки ракети, напиша Козицки на социјалните мрежи.

Козицки објави и дека рускиот авион кој ги испукал проектилите полетал од аеродромот Барановичи во соседна Белорусија.