Украинскиот премиер Денис Шмихал упати честитки за почетокот на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) од 1 јануари 2023.

– Северна Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ за 2023 година. Честитки до премиерот Димитар Ковачевски. Сметаме на продолжување на соработката со ОБСЕ, натамошна координација и поддршка за Украина, напиша Шмихал на Твитер.