Неколку Украинци кои живеат во Скопје, како и нивни Здруженија, попладнево изглегоа на протест. Мирниот марш почна од плоштад „Македонија“, па се до руската амбасада. Побараа поддршка од македонските граѓани во намерите да испратат порака дека руската агресија врз нивната земја пора да престане. Воедно носеа транспаренти на кои Путин го споредија со Хитлер.