Украинското разузнавање објави информации што ги собрале од руска страна, според кои „специјалните воени операции ќе бидат до септември 2022 година“.
Како што објавија на Фејсбук страницата која му припаѓа на разузнавањето и е дел од Министерството за одбрана, „Русија се подготвува за окупација на териториите што ги зазеде за време на војната“. Така, се подготвуваат печати и разни симболи кои укажуваат дека тоа веќе не се области под украинска власт“, стои во објавата.
Исто така, Украинците тврдат дека пресретнале датум кој се споменува како крај на војната.
„Меѓу окупаторската војска се шират информации дека рокот на траење на т.н. специјални воени операции е до септември 2022 година“, објави украинското разузнавање на Фејсбук.