Гувернерот на украинската област Луганск, Серхиј Хајдај денеска изјави дека во тој источен регион, што речиси целосно е под руска контрола, се наоѓаат околу 10.000 руски војници.
– Овие единици се постојано во регионот на Луганск, обидувајќи се да нападнат и да напредуваат во која било насока, изјави Хајдај за украинската телевизија.
Западните медиуми не можеа независно да го потврди извештајот.
Хајдај синоќа изјави дека е можно силите на Киев да бидат принудени да се повлечат од последниот џеб на отпорот за да избегнат заробување. Според него, руските трупи влегле во Северодоњецк, најголемиот град во Донбас, кој сè уште е под контрола на Украина.
– Русите нема да можат да го заземат регионот Луганск во наредните денови, како што предвидуваа аналитичарите. Ќе имаме доволно сила и ресурси да се браниме. Сепак, можеби ќе треба да се повлечеме за да не бидеме опколени, објави тој на Телеграм.
Повеќе од три месеци по почетокот на руската инвазија, големиот град Северодоњецк е еден од последните делови на Луганск кој се уште е под контрола на украинската армија. Но, во близина на градот веќе започнаа жестоки борби.
Набљудувачите стравуваат дека украинските сили во Северодоњецк наскоро би можеле да бидат опколени од руски и проруски воени сили.