Украинската војска уништила 21 од вкупно 49 беспилотни летала лансирани таа ноќ од Русија, јавија западните медиуми, повикувајќи се на воздухопловните сили во Киев.

Повеќето од руските беспилотни летала биле насочени кон украинските линии на фронтот, како и кон цивилни, воени и инфраструктурни локации во регионите Харков, Керсон, Миколаев и Запорожје во Украина, додаваат од воздухопловните сили.