Украинската делегација пристигна во областа на украинско-белоруската граница на разговори со Русија, соопшти денеска Украинското претседателство.
Според соопштението, во делегацијата меѓу другите се и министерот за одбрана Олексеј Резников, советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина Михаило Подолијак и заменик министерот за надворешни работи на Украина Микола Точицки.
Според Си-Ен-Ен, украинскиот претседател Володимир Зеленски не е дел од делегацијата.