Висок украински воен функционер изјави дека постои зголемена опасност Русија да отвори нов фронт во војната координирајќи се со Белорусија, користејќи ја за намалување на воените резерви на Украина.
– Расте заканата дека руските вооружени сили ќе ја продолжат офанзивата на северниот фронт, изјави Олексиј Хромов, висок функционер на Генералштабот на армијата, на прес-конференција во Киев.
– Овој пат, насоката на офанзивата може да се смени кон (западниот дел на) белоруско-украинската граница со цел да се отсечат главните логистички артерии за снабдување на Украина со оружје и воена опрема од земјите партнери, додаде тој.
Хромов рече дека украинските одбранбени сили „преземаат мерки за да обезбедат сигурно покривање на државната граница на Украина и градот Киев од север“.
– Во случај непријателот да одлучи да отвори таканаречен втор фронт, односно да изврши офанзивни акции од Република Белорусија, ние ќе бидеме подготвени за соодветен одговор, рече тој.