Украинската амбасадорка во САД Оксана Маркарова денеска изјави дека нападите од Русија врз Украина стануваат „побрутални“, но дека руските сили не напредувале како што било планирано.
– Непријателот е очигледно изненаден од резултатот на вооружените сили и доброволците да го заштитат интегритетот на нашата земја, рече Маркарова.
Таа, исто така, рече дека украинските власти собираат докази за „злосторства“ од руските власти за да ги достават до меѓународните трибунали.
За електраната во Чернобил што руските војници ја зазедоа вчера, Маркарова рече дека одговорноста за неа сега е на Русија бидејќи не се почитуваат строгите прописи за централата, додавајќи дека 92 персонал од централата биле земени како заложници.