Украина денеска соопшти дека соборила руски шпионски авион А-50 и команден авион Ил-22 над Азовското Море.

Началникот на украинската војска Валериј Залужњи на Телеграм напиша дека украинските воздухопловни сили уништиле руски авион за откривање радари А-50 и авион за контрола на воздушниот простор Ил-22.

Залужњи ги пофали украинските сили за, како што наведе, „совршено испланирана и извршена операција во регионот на Азовското Море“.