Утре на Плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи протест на Украинците кои живеат во земјата против руската инвазија во Украина. Протестот ќе почне во 14 часот пред споменикот на Александар Велики. Како што соопшти „Лесја Украинка“, на Плоштадот секој ден ќе се собира хуманитарната помош за Украина, за што ќе биде поставен шатор. Минатата недела, Украинците кои живеат во земјава одржаа протест пред руската амбасада во Скопје.