Украинските железници ги уништиле сите пруги на премините кои ја поврзуваат земјата со Руската Федерација како одговор на инвазијата од Москва.
„Железниците на Украина ги прекинаа сите односи и интеракции со Железниците на Русија. Понудивме на железниците на Руската Федерација мир и прекин на војната, но тие продолжија да довезуваат тенкови и друга воена опрема во Украина на нејзините граници“, се наведува во официјалното соопштение.
Прекината е и диспечерската комуникација со Руската Федерација.