Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика руските трупи да се повлечат од офанзивата во стратешкиот јужен град Керсон. Според него, украинските војници ја враќаат контролата врз својата територија.
„Окупаторите мора да сфатат дека нема да има место за нив на украинското тло. Окупаторите мора да знаат: ќе ги истераме до граница. На нашата граница, чија линија не е променета. Окупаторите тоа добро го знаат. Ако сакаат да преживеат, време е руската војска да побегне. Одете дома. Ако се плашите да се вратите во вашиот дом во Русија – добро, нека се предадат и ние ќе им гарантираме права со сите норми на Женевската конвенција“, рече Зеленски.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека украинската офанзива веќе имала влијание бидејќи ги принудила московските војници да се репозиционираат и сериозно оштетиле некои руски единици на исток.
Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на САД
„Русите требало да добијат ресурси само од исток поради извештаите дека Украинците би можеле да започнат офанзива на југ“.
Руското Министерство за одбрана призна дека Украина започнала нова офанзива, но тврдат дека офанзивата не успеала, и оти има голем број жртви на украинската страна.
Во меѓувреме, инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија заминаа на увид во централата Запорожје. Неодамнешните борби околу оваа централа, која е најголема во Европа, ги зголемија стравувањата од нуклеарен инцидент. Тимот на инспектори на агенцијата на Обединетите нации ќе ја процени штетата во нуклеарната постројка во Запорожје и ќе ја утврди функционалноста на безбедносните системи.
Шкелзен Аќифи