Запирањето на Русија е заедничка мисија на сите цивилизирани земји, изјави советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак.

– Зошто светот посветува повеќе внимание на Украина отколку на Африка или на Истокот?, напиша Подољак на Твитер.

– Војната во Украина не е локален конфликт, прашање е како ќе изгледа светот утре. Ако дозволиме Русија да победи, ќе ја отвориме Пандорината кутија и ќе го турнеме човештвото во мрачен период, додаде тој.

– Секој автократ тогаш би можел да испровоцира судири, да окупира земји и да истребува нации. Запирањето на Русија е мисија на сите цивилизирани земји. Има уште време, но треба да побрзаме, напиша советникот на украинскиот претседател.