Руските власти се обидоа да ја преземат контролата врз украинската нуклеарна централа Запорожје, изјави шефот на украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом.
Руските сили му кажале на украинскиот персонал дека електраната сега и припаѓа на руската државна компанија Росатом, изјави шефот на Енергоатом, Петро Котин. Тој додаде дека 10 претставници на Росатом, вклучително и двајца високи инженери, потоа неуспешно се обиделе да влезат во електраната и да го преземат управувањето.
– На територијата на нуклеарната централа има околу 500 руски војници со автоматско оружје. Нашиот персонал е во исклучително лоша психичка состојба, подвлече тој.