Украина денеска соопшти дека соборила околу две третини од вкупно 31 борбено беспилотно летало лансирани од Русија во текот на ноќта, главно над областите на фронтот, но и против главниот град Киев изутрината.

„Уништени се 19 борбени беспилотни летала Шахед 136/131. Руските окупатори испратија најголем дел од борбените беспилотни летала во областите на фронтот“, соопшти украинското воздухопловство, додавајќи дека Русија користела и неколку проектили.