Заменик премиерката на Украина, Ирина Верешчук изјави дека Киев предложил повредените украински војници од челичарницата Азовстал во Мариупол да бидат разменети за руските воени заробеници.
– Сè уште нема договор. Продолжуваат преговорите, напиша Верешчук на социјалните мрежи.
Таа додаде дека украинската Влада работи на повеќе опции како да ги спаси бранителите опколени во Азовстал.
– Ниту една опција не е совршена, посочи Верешчук.
Украинските војници кои се наоѓаат во Азовстал повеќепати изјавија дека нема да им се предадат на Русите.