Украина подготвува ревидиран мировен план за завршување на војната со Русија, кој ќе го презентира пред Белата куќа, во обид да избегне територијални отстапки, објави Би-Би-Си.

На прес-конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот тим би можел да испрати нов предлог до Американците уште денес, 9 декември.

Претходно, Зеленски изјави дека некои важни прашања во рамките на мировниот договор сè уште не се решени.

Според него, американската страна е подготвена да бара компромиси, но прашањето за териториите останува нерешено. Русија бара териториите да ѝ бидат предадени.

„Аксиос“ објави дека украинскиот претседател е под зголемен притисок од САД да се согласи на значајни територијални компромиси и други отстапки како дел од предлогот на Доналд Трамп за прекин на војната со Русија.

Текстот Украина подготвува алтернативен мировен план за завршување на војната со Русија е превземен од МАКФАКС.