Властите во најголемото украинско пристаниште Одеса соопштија дека руските поморски сили во Црното Море гранатирале некои станбени згради на периферијата од градот.
Ова е првпат таму да бидат погодени згради.
Портпарол на регионалната воена администрација изјави дека нема жртви во нападот.
Руската морнарица ја блокира Одеса, која се смета за главна стратешка и симболична цел за Русија.