Украинското Министерство за енергетика ја обвини Русија дека не ги почитува безбедносните протоколи во нуклеарната централа во Чернобил, која вчера ја зазеде по неколкучасовни борби, пренесе Скај њуз .
„Тоа светот го доведува во опасност“, додаваат оттаму.
„Руските окупатори веќе втор ден го држат персоналот на нуклеарната централа во Чернобил, не дозволувајќи им да ротираат како што налагаат прописите за техничка безбедност“, ја пренесува Скај њуз изјавата на украинското Министерство за енергетика.