Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави ограничувања на активностите на 11 политички партии во државата, заради врски со Русија.
Зеленски наведе неколку имиња на партии, меѓу кои и Опозициската платформа – За живот, која е една од најголемите проруски партии и има претставници во украинскиот парламент.
Украинското Министерство за правда веднаш ќе реагира за да се имплементира забраната, која според Зеленски ќе биде на сила се додека трае воената состојба.