Украинските власти ќе ги евакуираат децата од пет населени места лоцирани на јужниот фронт во областа Запорожје, соопшти денеска украинското Министерство за реинтеграција.

Министерството ја оправда својата одлука со ризици поврзани со „комплексната безбедносна ситуација и бомбардирањата“ извршени од руските сили.

Вкупно „54 деца и 67 придружници“ ќе бидат евакуирани, се вели во соопштението на украинското министерство на Телеграм.

Петте населени места за кои се однесува мерката се Гуљаиполе, Степногирск, Преображенка, Егоривка и Новопавливка, прецизираат од украинското Министерство.