Претседателот на САД, Доналд Трамп во Давос, зборувајќи за војната во Украина, ги истакна напорите на неговата администрација да постигне мировен договор меѓу Москва и Киев, нарекувајќи ја војната „апсолутно поле за убивање“, какво што не е видено од Втората светска војна.

Трамп беше прашан и дали ќе има мировен договор до следната година.

„Треба да ја прашате Русија. Украина е подготвена да направи договор“, одговори американскиот претседател.

Трамп, меѓудругото, во своето обраќање истакна и дека ќе побара од сојузниците од НАТО да придонесат повеќе.

Тој рече дека повеќето земји не ги подмириле плаќањата додека не дошол на власт.

Трамп, исто така, истакна дека е одговорен за прекинот на огнот во Газа постигнат во последните денови од администрацијата на Бајден и враќањето на заложниците кај нивните семејства.