Откако Универзитетот „Св Кирил и Методиј “ од Велико Трново доби одобрение од Владата да врши високообразовна дејност во РС Македонија стигна и реакција од ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, кој вели дека на УКИМ за името и обележјата му е признато правото на трговска марка и е заштитено со Заводот за индиструска сопственост. Појаснува дека ако се изврши повреда на правата ќе реагираат по легален пат.
– Во тој момент ќе ги искористиме расположливите правни лекови согласно Законот за авторското право и сродните права и Законот за индустриската сопственост и евентуално и меѓународните прописи кои ја регулираат оваа материја, вели Јанкуловски во писмена изјава за Сител.
Бугарскиот универзитет ќе основа заеднички студиски програми со Меѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе.