Премиерлигашот Њукасл нема да пазари во текот на зимскиот преоден рок и покрај проблемите со тимот.
Според „Телеграф“, тренерот Стив Брус нема да добие средства од раководството за засилувања во зимскиот трансфер прозорец.
За потсетување, сега Њукасл не може, да смета на двајцата свои лидери, Алан Сен-Максимин и Рајан Фрејзер, поради здравствени проблеми.
По 14 одиграни кола, Њукасл има 18 бода за во моментов 14. место на табелата во Премиер лигата.