Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија – 39 литри на метар квадратен, во Гевгелија – 22 литри, во Штип и во Крива Паланка по 20, во Берово 17 и во Виница 15 литри. Во Скопје наврнаа седум литри, а најмалку дожд имало во Охрид и во Преспа, по два литра на метар квадратен.
Од УХМР најавуваат дождливо време и за денешниот ден. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје утрово со магла, која во текот на претпладнето ќе се намали. Преку ден, времето ќе биде со сончеви периоди, а ќе дува умерен до засилен ветар од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 12 степени.