Угостителите се жалат дека работата драстично им опаѓа поради строгите превентивни мерки што ги воведе владата. Откажани се сите поголеми собири. Бараат корекција на актуелните ограничувања за кои велат дека не се логични.
„Одлуката предвидува од 1 септември за влез во државата да се приложи сертификат за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 дена. Сметаме дека и тука барањето за потврда за прележан вирус во последните 45 дена треба да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци“, изјави Мартин Ангеловски, претседател на туристичко – угостителска комора.
„Воведувањето на новите мерки и рестрикции сериозно значи ограничување во работата на туристичко – угостителскиот сектор поради што и треба да се планираат економски мерки за поддршка. Истакнуваме и дека туристичката сезона е сè уште во тек и дека за да може да се заврши до крај треба да се коригираат мерките коишто ќе создадат услови за таа да може да се заврши“, рече Ана Марија Алексова, туристичко – угостителска комора.