Музичарите и музичките работници, преку Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика сега“, најавија протест пред Владата поради новите протоколи со кои се ограничува организирањето музички настапи единствено на свадби. Од здружението реагираат дека се прави дискриминација и во однос на барањето за лиценцирани музичари, а поддршка во барањата имаат и од Независната угостителска комора.
Advertisements
„Наместо Владата побрзо да излезе во пресрет на укажувањата за недоследноста на промената на постојните протоколи за работа на угостителските објекти и новите протоколи за организирање на свадби, прослави и веселби ги доведува угостителите и организаторите на своите прослави во ситуација на постоење протоколи и понатаму да не можат да организираат свадби, прослави и веселби“, соопштија од НУК.