Европската фудбалска федерација (УЕФА) строго го казни Фудбалскиот сојуз на Унгарија за хомофобичните пораки што нивните навивачи ги истакнаа за време на Европското првенство.

УЕФА покрена истрага против Унгарците откако на натпреварот против Германија беше истакнат транспарент против ЛГБТ популацијата.

На транспарентот пишуваше:

„ЛГБТ – не благодарам“.

Имаше и скандирања против ЛГБТ популацијата, а еден навивач заврши зад решетки за нацистички поздрави.

УЕФА донесе одлука за строга казна за Унгарците. Тие беа казнети со три натпревари без присуство на навивачи и парична казна од 100.000 евра.

Третиот натпревар од казната е условен и ќе се активира доколку се повторат слични ситуации по враќањето на трибините.