Иако првично не планираше и покрај жалбата од страна на ФФМ, сепак УЕФА отвори истрага за расистичкиот испад и пцуењето на Арнаутовиќ на нашиот Алиоски. „Дојче Веле“ објави дека од УЕФА ова го потврдиле за нив и потенцираат дека е назначен инспектор кој ќе го истражува целиот случај.

– Според информации на германската спортска агенција СИД и на други германски медиуми утрово, УЕФА не планирала да отвори истрага за Арнаутовиќ. Тоа за СИД го потврдил портпарол на УЕФА, но причините не беа наведени. На прашање на ДВ, предмалку од УЕФА соопштија дека сепак е именуван инспектор кој ќе го анализира однесувањето на австрискиот репрезентативец, објави „Дојче Веле“.

Инаку, како што е познато по овој инцитент на мечот Македонија-Австрија, Арнаутовиќ лично му се извинил на Алиоски, но и на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.