УЕФА е најголемите европски фудбалски екипи ќе формираат ново елитно натпреварување -Лига на супершампиони.

Под протисок на најголемите фудбалски екипи, во прв ред Реал Мадрид и Флорентино Перез кој е најголем заговорник за формирање на ново елитно натпеварување наменето само за најбогатите, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин покрена иницијатива за формирање на ново натпреварување кое ќе ја задоволи гладда за пати на големитге екипи, а во исто време ќе остане под капата на европската куќа на фудбалот. 

Покрај експертите ки работат на регулаторните, структурните и логистичките аспекти на новото натпреварување, Чеферин формира и политичко тело кое ќе ги носи конечните одлуки. Во него се наоѓаат двајца потпретседатели на УЕФА, Шпанецот Луис Рубиалес и Португалецот Фернандо Гомес како и благајникот на УЕФа, Англичанецот Дејвид Гил. Тие ќе одлучат каков ќе биде конечниот изглед и правила во новото натпреварување. 

Претседателот на УЕФА веќе запчнал преговори со пет клубови кои ја претставуваат Унијата на фудбалски екипи, тоа се Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Фенербахче, дознава „Ас“.

Новоформираното натпреварување би се нарекувало лига на супершампиони и поради него УЕФА размислува создавање на нова компанија која би била во нејзина сопственост и која ги раководела со лигата. Главиот збор би го имале екпите и УЕФА е подготвена да им дозволи распределбата на парите да биде по нивен избор. Токму ова е тема за работните состаноци на Чеферин со претставниците на Унијата на фудбалски екипи како 

Оваа идеја за нова Лига на супершампиони се појави во 2009 година, но тогаш УЕФА беше доволно моќна да одолее на притисоците на фудбалските гиганти, но во меѓувреме се сменија работите и екипите се тие кои можат ги диктораат условите. 

Стартот на новиот проектот се очекува за најмалку две години, односно од 2023 година но во исто време се очекува и националните фудбалски федерации да го намалат бројот на екипи кои играат во најсилните лиги за да место во календарот за играње на Лигата на супершампиони.