Две одлуки кои се косат меѓу себе донесоа Романија како драва и УЕфА како организатор на Европското првенство.
Вчера Владата на Романија донела одлука да се пуштат дополнителни влезници за арената, со што капацитетот би се зголемил од претходно утврдениот, 33% поради ковид пандемијата.
„Владата вчера одобри натпреварите од Европското фудбалско првенство да се играат повеќе публика, односно дозволи 50 отсто од капацитетот на стадионот. Мислам дека ова е голем чекор напред и дека организаторите на турнирот ќе ги искористат овие бројки. Ова е историски настан, кој може да ја одбележи иднината на романскиот спорт. Би сакал и романскиот национален тим да направи историски чекори и да се квалификува за идните големи турнири. Го имаме она што ни е потребно, но можеби треба да смениме уште некои работи“, изјави министерот за спорт и млади на Романија, Едуард Новак.
Но, од УЕФА денеска велат дека остануваат на нивниот став од претходно, дека арената ќе биде исполнета максимум 33%.
Во моментот УЕФА останува на првично одредената бројка од 33% исполнетост на стадионот во Букурешт.
Овие две информации предизвикуваат забуна кај граѓаните особено кај македонците, кај кои има голем интерес за патување и бодрење на Македонија на Европското првенство.