Европската фудбалска федерација донесе одлука репрезентациите учесници на претстојното Европско првенство наместо 23 да однесат 26 играчи.
– Со цел да се намалат ризиците на тимовите кои се соочуваат со недостиг на достапни играчи поради можни позитивни резултати од тестовите КОВИД-19 и следните мерки за карантин пропишани од надлежните органи, беше донесено одлука, да се зголеми списокот на играчи за сите тимови до 26 играчи. Сепак, 23 играчи е максималниот број на играчи што се дозволени на натпреварот за секој поединечен натпревар, вклучително и тројца голмани, се вели во соопштението на УЕФА.
Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули.
За првпат на еден евро-шампионат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација.