УЕФА објави дека се пуштени во продажба 9.500 билети за финалето во Лига Европа, кое треба да се игра на 26 мај во Гдањск, а двата финалисти ќе добијат по 2.000 билети за своите навивачи за оваа пресметка.

Гледачите кои ќе дојдат од странство ќе мора да ги почитуваат ограничувањата и барањата кои се на сила на полска територија во време на играњето на финалето затоа што за нив нема да има исклучоци“ предупредија од УЕФА.

УЕФА вкупно подели 3.500 билети на локалните организатори, спонзорите…

„Ќе ја надоместиме цената на картите доколку локалните власти го намалат капацитетот на стадионот“, стои во известувањето на УЕФА.

Финалето во ЛЕ се игра на 26. мај. И претходно УЕФА дозволуваше продажба на карти во двете натпреварувања, но конечната одлука сепак ја имаа локалните власти.