Овие денови излезе информација дека Европското првенстви би можело да се игра на Островот,поточно во Англија.
Денес стигна и официјалниот став на УЕФА. Европската куќа на фудбалот и засега е јасна по тоа прашање.
„Како и што е објавено турнирот ќе се одржи во 12 земји, намерата на УЕФА останува иста “, одговорија од УЕФА.
„УЕФА е одлучна ЕУРО 2020 да се игра во 12 европски градови, според договорениот распоред. Промени нема“.
Европското првенство е планирано да се игра во: Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санк Петерзбург.