УЕФА го одбра идеалниот тим, односно најдобрите 11-мина на своите позиции на ЕУРО 2020. Шампион е Италија, па поради тоа најмногу фудбалери има од оваа делекиција. Да почнеме со ред. На голот секако Донарума, во одбраната се Волкер и Мегваер од Англија, потоа Бонучи и Спинацола од Италија. Средниот ред го сочинуваат Жиргињо, Хојберг и Педри, а во нападот Киеза, Стерлинг и Лукаку.

Интересно е тоа што иако Кристијано Роналдо го понесе признанието за најдобар стрелец со пет погодоци, сепак тој не се најде во идеалниот тим на УЕФА. Исто толку голови има и Патри Шик, но Роналдо е го доби признанието поради тоа што има и една систенција за гол.