Неделното бугарско училиште „Здравеј“ – Скопје започнува со организирана подготовка за идните кандидати кои планираат да студираат медицина, фармација или стоматологија во Бугарија, јавува СтудирајБГ, пренесува Трибуна.

Подготовката е наменета за ученици и матуранти кои сакаат навремено да започнат со учење и систематски да се подготват по клучните предмети потребни за прием.

Наставата по биологија започнува во сабота, на 21 февруари, додека часовите по хемија се планирани да стартуваат во март.

Ќе бидат формирани посебни групи по биологија и хемија, согласно бројот на пријавени кандидати и нивните потреби. Целта е подготовката да биде јасно структурирана, практична и насочена кон материјалот релевантен за приемните испити.

Од училиштето ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават навреме, со цел навремена организација на групите и распоредот.

За пријавување и дополнителни информации:
e-mail: [email protected]
телефон: +389 78 443 926